
Приказната нè води до ледената Русија и кучето херој на Русија, нацијата и на светот! Локална мајка го оставила своето двегодишно дете на незаштитен трем, и покрај фактот што надворешната температура паднала на минус 12 Целзиусови степени.
Од смрзнување и најлош епилог бебето го спаси куче кое од него не се одвоило дури два дена. Тогаш ги пронашле локалните жители кои се согласни за едно нешто – само херојството на ова куче го спаси животот на двегодишното момче.
Детето било префрлено во болница со акутна хипотермија и гладно, но лекарите велат дека доколку кучето не се грижело за него тоа со сигурност немало да преживее.

Инаку, како што пишува “The Siberian Times”, мајката на ова момче се вратила дома четири дена откако детето било пронајдено и однесено во болница! Таа е обвинета за намерно напуштање на своето дете!