in

Вистински приказни за 11 патници на бродот „Титаник“ и како тие изгледале во вистинскиот живот

Титаник е најпознатиот брод на светот, а неговото прво патување на почетокот од 20-иот век се претвори во катастрофа и е предмет на легенда која останува. Во несреќата загинаа 1.500 од 2.200 патници. Има неколку снимени филмови за оваа трагедија, но најзапаметен е „Титаник“ режиран и напишан од Џејмс Камерон. Тој е преполн со неверојатни визуелни ефекти, одлична романтична приказна и се разбира, интересни ликови.

Ние од Публицист одлучивме да откриеме како навистина изгледале патниците и членовите на екипажот на Титаник во реалниот живот.

Маргарет „Моли“ Браун

Непотопляемая Молли Браун: подлинная история и мифы о знаменитой пассажирке  "Титаника" | СПЛЕТНИК

Маргарет Браун, која му позајми костум од нејзиниот син на Џек за вечерата со аристократите, била вистински патник на Титаник. Филантроп, јавна личност и активист, таа секогаш размислувала на другите. Маргарет им помагала на патниците да се качат на чамците за спасување и притоа одбивала и таа да се качи на нив. Подоцна, барала од командирот на бродот да се врати на локацијата каде Титаник потонал и да им помогне на другите преживеани.

Маргарет правела списоци на преживеани и барала храна и ќебиња за секој од нив. Организирала комитет за собирање средства и психолошка помош за преживеаните. Маргарет од новинарите на САД била наречена „непотонливата Моли Браун“

Капетан Едвард Џон Смит

Титаник бил под команда на 62-годишниот Едвард Смит, кој пораснал во обично семејство и го напуштил училиштето на 12-годишна возраст за да ги започне своите служби во Кралскиот поморски резерват. Смит беше најискусниот капетан на компанијата Вајт Стар Лајн со 40 годишно искуство. Крстарењето по Титаник требаше да биде последно за него пред пензионирањето.

Џозеф Брус Исмај

Џозеф Брус Исмај бил претседател на компанијата White Star Line. Тој сакал да ги победи своите конкуренти и изградил луксузен брод, па затоа наредил бројот на чамци за спасување да се намали од 48 на 16.

Откако ја преживеа несреќата, британските и американските медиуми го претставија Исмај како дивјак кој се спаси сам од бродот, наместо да им даде предност на жените и децата. И покрај тоа што официјалната истрага докажа дека Исмај им помогнал на многу патници и седнал на последното слободно место на чамецот, сепак неговата репутација била засекогаш уништена.

Прочитајте и...  Кои се најпривлечните хороскопски знаци и што ги прави толку неодоливи?

Томас Ендрус

Томас Ендрус беше конструктор на Титаник и тргна на првото крстарење за да види како функционира. По несреќата, Ендрус беше еден од ретките луѓе кои знаеја дека бродот дефинитивно ќе потоне.

Тој ги убедил патниците да влезат во чамците за спасување, тој пребарувал низ собите за да ги натера луѓето да носат елеци за спасување и да излезат на палубата. Ендрус не преживеа. Последен пат бил виден кратко време пред бродот да потоне. Ендру фрлал столови од палубата во вода со надеж дека луѓето ќе можат да ги користат како сплавови.

Вилијам Мурдок

Вилијам Мардок имал 16 годишно искуство во крстарење и тој бил првиот асистент на капетанот на Титаник. Тој бил дежурен офицер на денот на несреќата, но ледениот брег бил забележан предоцна и 37 секунди подоцна, се случила несреќата.

Фредерик Флит

Фредерик Флит и неговиот колега биле надлежни за надгледување на океанот ноќта кога се случила трагедијата и тој бил првиот што ја забележал сантата мраз. Подоцна, за време на истрагата, Флит изјавил дека за таа работа не му дале ни двоглед, кој доколку го имал ќе ја видел сантата мраз порано.

Но, некои експерти веруваат дека дури и со двоглед, тие сè уште не би можеле да ја видат сантата мраз навреме. Флит завршил на истиот чамец за спасување со „Непотонливата Моли Браун“ и ја преживеа трагедијата.

Чарлс Лајтолер

Чарлс Лајтолер бил вториот офицер на Титаник. Кога бродот започнал да тоне, службеникот скокнал од бродот на чамец за спасување со уште 29 други мажи. Лајтолер ги научил да го одржуваат бродот избалансиран и да не дозволуваат да потоне.

Прочитајте и...  Брзи и лесни бомбици со урми – најздравата намирница на светот

Лајтолер по трагедијата давал многу препораки за безбедност на крстарењето. Тој инсистирал на зголемување на бројот на чамци за спасување, тој препорачал да се направат брошури за обука како да се користат чамците, да се одржува контактна радио врска со секој брод и да се емитуваат сигнали за опасни временски услови.

Арчибалд Грејси IV

Арчибалд Граси IV бил писател, историчар-аматер и патувал во прва класа на бродот „Титаник“. Кога се случил судирот, тој му помогнал на Чарлс Лајтолер да внесе жени и деца во спасувачките чамци. Откако се вратил во Њујорк, тој започнал да пишува книга за своето искуство на Титаник, која стана вреден извор на информации за историчарите и истражувачите.

Здравјето на Грејси било сериозно загрозено од хипотермија, а 8 месеци подоцна, тој починал од компликации од дијабетес. Грејси бил толку преокупиран со потонувањето на Титаник што неговите последни зборови биле: „Ние мора да ги внесеме во чамците. Сите мора да ги внесеме во чамците “.

Џон Филипс

На денот на трагедијата Џек Филипс, радио оператор, имал многу телеграми од патниците, бидејќи радиото било расипано претходниот ден. Филипс бил толку уморен што дури и не му дал неколку предупредувања на капетанот за санти мраз од другите бродови. Филипс дури не ја ни ислушал целата порака која можела да помогне да се избегне судирот.

Кога се случил сударот, капетанот наредил сите офицери да испраќаат СОС-сигнали. Џек Филипс не го прекинал преносот се додека просторијата не се наполнила со вода и радиото не престанало да функционира. Филипс не ја преживеал трагедијата. Харолд Брајд, кој работел со него бил воодушевен како Филипс си ја извршува својата работа, додека сите други се во паника.

Ида и Исидор Штраус

Незаборавна е сцената од филмот каде баба и дедо одлучија да потонат заедно со бродот, лежејќи во кревет гушнати. Двојката што одлучи да почине онака како што живеела – заедно, се всушност Исидор Штраус, еден од основачите на синџирот продавници Macy’s и неговата сопруга Ида. Сите во нивната околина ги сметале за сродни души, кои неверојатно биле поврзани еден со друг. Поради природата на работата, Исидор многу патувал, но со сопругата разменувале и по неколку писма дневно.

Прочитајте и...  Научник тврди: Вонземјани не шпиунираат

Записите и сведочењата велат дека двојката, заедно со својата слугинка Елен Бирд, успеала да дојде до чамецот за спасување број осум. Бидејќи биле во години, офицерот за евакуација им понудил места во чамецот, но основачот на Macy’s одбил да се спаси, бидејќи на бродот сè уште имало многу деца и жени. Слушајќи го сопругот, и Ида одбила да влезе во чамецот.

-„Многу години живеевме заедно. Не сакам сега да се двојам од мојот сопруг. Како што живеевме, така и ќе умреме – заедно.“ рекла Ида, за што сведочат останатите кои веќе биле во чамецот.

Исидор ја молел Ида да се спаси, но таа не сакала. На својата слугинка ѝ ја дала бундата, коментирајќи дека веќе не ѝ е потребна и ја сместила во чамецот, а потоа со сопругот се повлекле. Последен пат биле видени како седат на палубата и се држат за раце додека околу нив сè се руши и пропаѓа во ледените води на Атлантскиот океан.

Валас Хартли

Сцената во филмот каде и покрај целата паника на брод, оркестарот продолжи да свири ги трогна сите. Оваа се заснова на вистински настан. Валас Хартли бил шеф на оркестарот на бродот и по судирот, Хартли и другите музичари сакале да ги задржат патниците мирни, па затоа започнале да свират на своите инструменти.

Многу сведоци тврдат дека оркестарот продолжил да свири сè додека бродот не потонал. Ниту еден од музичарите не преживеал. Телото на Хартли било пронајдено со неговата виолина до него, а на задната страна пишувало: „За Валас, по повод нашата свршувачка, од Марија“.

Што мислите?

2 Поени
Upvote Downvote