Превкусен џем… Уверете се сами…

Потребни состојки:
500 гр цвекло
500 гр морков
500 гр јаболка
500 гр лимон – сок
50 г шеќер
100 мл вода
Начин на подготовка:
Ставете ги во едно тенџере да се варат цвеклото, морковот и јаболката на појака температура. Додадете го сокот од лимон. Кога ќе почнат да вријат намалете ја температурата и варете ги на тивко.
Шеќерот и водата варете ги 5 минути, па додадете го претходно зготвеното овошје и зеленчук. Варете 20 минути со повремено отстранување на пената.
Џемот варете го и потоа направете проба така што ќе земете едно лажиче од џемот и ќе го ставите на чиста сува чинија. Џемот треба да се стврдне по околу 15-тина секунди. Ако тоа не се случи значи џемот не е се уште готов и треба да го доварите.
Врелиот џем сипете го во врели тегли и затворете ги со стерилизирани капаци. Потоа преврте ги од опачината и оставете ги така да се изладат. Кога ќе се изладат превртете ги и ставете ги да стојат на темно место.
