in

Вкусен крцкав леб за деновите кога сите сме дома

Нема ништо поубаво од мирисот на домашен леб додека се пече.

СОВЕТИ:

Оние кои сакаат да месат леб дома треба да знаат дека брашното треба да биде на собна температура и треба да биде просеано бидејќи така ќе добие поубава текстура на тестото додека расте. Никогаш не мешајте сол со квасец, туку додајте го подоцна. Доколку сакате крцкава кора на својот домашен леб, тогаш кога ќе се испече оставете го на во рерната да се излади.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

2/3 свеж квасец
500 мл вода
1 лажица шеќер
1 лажичка сол
50 мл зејтин
околу 1кг брашно

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Во сад ставете млака вода и додајте издробен квасец. Додадете шеќер и измешајте. Потоа, додадете околу 500г брашно, лажичка сол и половина мера од зејтинот, па соединете ги состојките. Продолжете со мешање додавајќи брашно додека не добиете мазно тесто со средна тврдост.

Тестото премачкајте го со зејтин и оставете го да отстои половина час.

Кога тестото ќе надојде, премесете го и оставете го 10 минути на работната површина. На побрашнета подлога развлечете го тестото во облик на правоаголник. Дебелината на тестото да биде 1 цм, ширината 30 цм, а должината од 50 до 70 цм. Откако ќе го развлечете како правоаголник, цврсто завиткајте го.

Намрсете го садот во кој ќе го печете лебот, ставете го тестото во него и нежно со врвот од нож исечете неколку линии на горната страна.

Загрејте ја рерната на 50 степени, испрскајте го лебот со вода и оставете го да кисне 20 минути во загреана рерна.

Извадете го садот од рерната и загрејте ја на 200 степени. Печете го лебот околу 45 минути.

Печениот леб завиткајте го во крпа или оставете го да се лади во рерна.

Bon Appétit!

Прочитајте и...  Шарена летна пита со шунка, тиквици и сирење

Што мислите?

0 Поени
Upvote Downvote