in

Вкусен ручек: Крем чорба со спанаќ

За денешниот ручек ви го препорачуваме овој рецепт. Се подготвува за помалку од 20 минути, а чорбата со спанаќ е полна со витамини.

Потребни состојки:

500 гр. спанаќ
Два големи компири
Две чешниња лук
Една главица кромид
Коцка пилешка супа
Кисела павлака
Маслиново масло
Сол, бибер

Начин на подготовка:

Измијте го спанаќот, излупете ги компирите и исечете ги на коцки.

Растворете ја коцката супа во 700 мл. топла вода.

Во тава на маслиново масло испржете го ситно сецканиот лук, па додајте го и го кромидот.

Прелијте со течноста од супата и варете додека компирот да стане мек.

На самиот крај додајте го и спанаќот.

Изблендирајте ја чорбата до посакуваната густина и сервирајте со павлака или кисело млеко.

Прочитајте и...  10 прекрасни идеи за бојадисување и украсување на велигденските јајца

Што мислите?

1 Поен
Upvote Downvote