Вкусна пилешка пита со печурки и праз

Joe Wicks’ chicken pie 920x581

Потребни состојки:

2 лажици путер
1 голем праз, измиен и исечкан на парчиња од по 2 см
200 г печурки, крупно сечкани
4 филети пилешки гради од по 250 г, исечени на парчиња со големина на залак
250 мл кокошкина супа од коцка
1 лажица пченкарно брашно
100 мл хопла
2 големи шаки спанаќ
околу 6 кори
маслиново масло

Начин на приготвување:

Загрејте ја рерната на 190 степени.

Загрејте го путерот во голема тава на средна до висока температура. Ставете ги празот и печурките и пржете 2-3 минути додека не почнат да омекнуваат. Зголемете ја температурата, додајте ги парчињата пилешко и пржете уште 2 минути, а потоа додајте ја супата и оставете да зоврие.

Во меѓувреме, измешајте го пченкарното брашно со 2 лажици вода и истурете го во тавата, заедно со хоплата. Додека да зоврие нежно мешајте, па гответе додека сосот да згусне. Тргнете ја тавата од рингла и додајте го спанаќот, а потоа целата смеса пренесете ја во тава за печење од околу 28 x 15 см. Оставете малку да се излади.

Земете лист кора и смачкајте ја со раце. Ставете ги парчињата кора врз пилешкиот фил и повторете со преостанатите листови кора.

Попрскајте го тестото со маслиново масло, а потоа печете ја питата околу 20 минути, за кората да зацврсне и на места да добие златно-кафеава боја.

Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.