in

Вкусна посна торта без масло

Направете си прекрасна торта без масло. Велигденските пости започнаа, па оваа торта одлично ќе ви дојде.

Потребни состојки:

  • 15 лажици студена вода
  • 15 лажици шеќер
  • 1 лажичка сода бикарбона
  • 15 лажици брашно
  • 250 гр. мелени ореви
  • 100 гр. суво грозје
  • 250 гр. гриз
  • 1 прашок за пециво
  • Кокос
  • 500 гр. шеќер (за шербет)

Начин на подготовка:

Во длабок сад, со дрвена лажица се мешаат водата и шеќерот, се додава сода бикарбона и со постепено мешање се додава брашното, а потоа исецканите ореви, сувото грозје, гризот и на крај пецивото.

Откако смесата ќе стане хомогена, се пече во тавче обложено со хартија за печење на 180°C, околу 30 минути.

Се проверува со чепкалка за заби за да се види дали тортата е печена. Откако ќе се излади, се сече на парчиња и се полева со топол шербет, а може да се посипе и со сецкани ореви или кокос.

Подготовка на шербетот:

500 грама шеќер се вари со 500 милилитри вода, стапче цимет и парче лимон, околу 15 минути.

Прочитајте и...  Најчестите грешки кои ги правиме при варењето на тестенини

Што мислите?

0 Поени
Upvote Downvote