Кујна

Вкусни полнети пиперки со компир и кашкавал

Покрај традиционалниот рецепт за полнети пиперки, ви подготвивме алтернативна варијанта која е исто толку вкусна.

Sweet Peppers Filled Cheese Potato Mash1

Потребни состојки:

  • 1 кг. пиперки
  • 1- 2 главици кромид
  • 4-5 големи компири
  • 200 гр. кашкавал

Зачини:  вегета, мелен бибер, сол по желба

Начин на приготвување:

На загреано масло се пржи кромидот, претходно ситно исецкан.

На страна се лупат компирите и се рендаат, по што се додаваат на пржениот кромид.

Во меѓувреме се мијат пиперките и се отстранува нивната внатрешност.

На страна се ренда кашкавалот и се додава на смесата.

Пиперките се полнат со подготвената смеса и се ставаат во плех за печење. Се печат на 200 степени, половина час.

Добар апетит!

Прочитајте и...  Не сте ни свесни колку е корисен сенфот и за што сè може да ви помогне

Најпопуларно


To Top