Астрологија

Влијанието на Месечината врз хороскопските знаци

Уште многу одамна се проучува влијанието на Месечината врз хороскопските знаци. Знакот во кој се наоѓа Месечината при нашето раѓање, открива многу за инстинктните реакции. Всушност, според нејзиното влијание, се доаѓа со сознанијата за емоциите, приврзаноста, целите и потребите на припадниците на хороскопските знаци.

affects of lunar eclipse on your zodiac sign

Овен

Месечината во Овен во наталната карта укажува на брзи инстинктивни реакции. Овните се склони кон донесување на брзи одлуки, кои се често погрешни и непромислени.

Бик

Укажува на личност која во емотивна врска се впушта со одредена доза на колебливост. Биковите се аналитичари, поради што си оставаат пред себе долго време додека да ја донесат одлуката.

Близнаци

Близнаците имаат способност за изразување чувства на интелигентен начин. Близнаците се препознатливи по својата елеганција и секогаш се достојни на своите одлуки.

Рак

Ракот е хороскопскиот знак врз кој месечината има најголемо влијание. Припадниците на овој знак одат до крајности, или се премногу продуктивни или се жртви на големи несреќи. Месечината управува со нивните емоции.

Прочитајте и...  Денеска на небото ќе сјае Супермесечина - најголема годинава

Лав

Присуството на Месечината често укажува на среќна, ефикасна, самоуверена и истрајна личност. Лошите позиции на Месечината можат да доведат до претерана своеглавост, конфузија на чувствата, претерана гордост и чувство на поголема вредност и надмоќност.

Девица

Месечината во девица укажува на личност која постојано ги потиснува своите чувства, поради срамежливост.

Вага

Вагите се постојани трагачи по љубов и се неуморни на тоа поле, се’ додека не го пронајдат она по кое што трагаат.

Шкорпија

Оваа личност е истовремено многу страстна и многу ранлива, бидејќи се плаши од емотивни повреди.

Стрелец

Месечината во Стрелец во наталната карта често укажува независна, оригинална личност, која е авантуристички насочена кон животот.

Јарец

Јарците се личности кои се резервирани, сакаат дела, а зборовите најчесто не им значат.

Водолија

Водолијата себеси се доживуваа како доброчинител и како некој кој има потреба да застане на страната на послабите.

Риби

Присуството на Месечината во Риби укажува на многу сензитивна личност, која често се раководи според своите чувства.

Најпопуларно


To Top