Идентичните близнаци можеби се раѓаат со речиси идентична ДНК, но нивниот избор на животен пат кој вклучува исхрана, токсичноста во средината и хемикалиите на кои се изложени можат да го променат нивниот генетски изглед и да влијаат врз нивниот изглед.

Бидејќи идентичните близнаци се одличен начин да се определат ефектите кои ги имаат животните избори на човековото тело, многу може да се научи од споредувањето на близнаци кои се однесуваат различно.

Пушењето кое е еден од основните допринесувачи за болести и намален животен век, е навика која негативно влијае на нашето тело на повеќе начини. Пушењето се поврзува со автоимуни заболувања, остеопороза, срцеви заболувања, мозочен удар и рак. Но, за жал никотинот и зголеменото количество хемикалии во повеќето цигари предизвикува зависност, па затоа на долгорочните пушачи им е тешко да се откажат.

Според Универзитетот Боулдер во Колорадо, генетиката игра значајна улога врз тоа дали човекот ќе пуши цигари и како ќе се откаже од нив. На оние кои можат да се опишат како емоционални им е многу потешко да се откажат од цигарите затоа што нивното конзумирање се должи на емоционални причини. За да ја потиснат ансксиозноста, лутината, тагата па дури и радоста, оние кои имаат потешкотии во справувањето со емоциите конзумираат повеќе цигари.

Прочитајте и...  Влијанието на Месечината врз хороскопските знаци

Доколку сето ова е вистина, нема подобар доказ од споредба преку фотографии. Идентични близнаци од кои еден е долгорочен пушач се споредени, а разликите помеѓу нив се повеќе од очигледни. Оние кои пушат цигари имаат повеќе брчки и подочници. Можете ли да погодите кој близнак е пушач?

Двајцата се пушачи, но тој од десна страна пуши цигари 14 години подолго од оној на левата страна.

Двете се пушачи, но жената од левата страна пуши 17 години подолго од другата.

Пушач е онаа сестра на десната страна. Пуши цигари веќе 16 години и поминала долго време од нејзиниот живот на сонце, со што кожата старее.

(Истите близначки, но од друга перспектива)

Ако сметате дека пушач е сестрата од лева страна тогаш погодивте. Таа пуши цигари веќе 14 години, а другата близначка воопшто не конзумира.

Пушач е жената од десната страна.

Пушач е жената на фотографијата од десна страна.

Близначката од левата страна е пушач.

Прочитајте и...  ВИДЕО: На свадба во Словачка, невестата во фустан од евра, момчето во смокинг од злато
Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.