Македонија

ВНИМАВАЈТЕ ИЗМАМА: На социјалните мрежи се шират лажни „наградни игри“ во име на банка, не потпаѓајте на лажните пораки

На социјалната мрежа Фејсбук се шират лажни наградни игри кои се претставуваат во име на домашните банки. Најнова е измамата од Фејсбук страница со име „Komercijalna banka AD Skopje“, која не е направена од банката, и нуди награда од 300 евра. Доколку одговорите на нивната порака, тие ви бараат слика од предната и задната страница од вашата лична карта, која понатаму ја злоупотребуваат во нелегални активности. Доколку веќе имате испратено податоци, пријавете во Дирекцијата за заштита на личните податоци.

https://www.facebook.com/story.php?story_fbid=798542673903563&id=597690130655486

Комерцијална банка не е единствената чие име е злоупотребено во вакви цели. Претходно истите измами се правени и во име на Охридска, НЛБ, стопанска и останати банки.

Секоја наградна игра која бара да испратите слика од вашата лична карта, сметајте ја за измама и пријавете го профилот.

Прочитајте и...  Оздравени 5 лица од коронавирус, почина пациентка, дијагностицирани нови 25 случаи
Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top