Кујна

Внимавајте: Со миење на овие намирници ризикувате размножување и ширење на бактерии!

Иако ви изгледа логично пред да подготвите ручек да ја измиете секоја една состојка, кај некои од нив тоа носи повеќе штета отколку корист.

Ако го миете пилешкото месо не го решавате проблемот со бактериите и предизвикување на болестите, туку ги ширите на рацете и кујнските крпи, тврдат стручњаците.

„Со миењето на свежото пилешко месо веројатно ќе ги раширите бактериите по целата кујна, вклучувајќи ги и чистите површини како што се плочките и кујнските крпи“- предупредуваат тие.

Единствен начин да се ослободите од бактериите е вриењето, а ова правило важи и за рибата и црвеното месо.

Советот е месото да го избришете со хартија за да се ослободите од вишокот влага, но секако и после тоа задолжително дезинфицирајте го садоперот и работната површина.

salmon fish in front of white background

Покрај тоа немој да ги миете ни печурките, зошто колку подолго се во допир со вода тие можат да го сменат вкусот. Подобро е да ги исплакнете и веднаш да ги исушите со хартија за да не ја изгубат еластичноста и да станат меки.

Исто така и јајцата спаѓаат во намирници кои не треба да се мијат. Стручњаците велат дека на јајцата често се ставаат заштитни супстанци кои спречуваат ширење на бактерии, а водата ја уништува таа заштита.

Многу луѓе грешат што после готвењето ги мијат тестенините бидејќи водата во која се готвеле тие содржи скроб и допринесува за вкусот на тестенините.

Прочитајте и...  Македонска тава - вкусна македонска рецепта која мора да ја пробате

Најпопуларно


To Top