Галерија

Во дивината на Амазон: Животот на изолираните племиња низ фотографии

Бразилскиот фотограф Рикардо Стакерт со години живее и работи со домородната заедница во Амазон, фотографирајќи го нивниот необичен секојдневен живот.
Тој одлучи да објави колекција од свои фотографии во книга која ја нарекол “Бразилски Индијанци”.

zivot brazilskih plemena aps1 559889097

“Фотографиите го прикажуваат традиционалниот начин на живот на луѓето кои ја отфрлаат модерната технологија и живеат во хармонија со природата”, вели Рикардо, кој се бави со сликање 29 години од 1996 година. Тогаш првпат го фотографираше племето Јаномани и стана голем почитувач на автохтоните луѓе.

“Мојата цел беше да покажам како овие луѓе живеат денес, како тие преживуваат во современото општество. Тие живеат во целосна хармонија со природата и некако се уште успеваат во тоа”.

“Домородните народи беа првите жители на Бразил. Ние им должиме важен дел од секој аспект на нашата култура. Тие се воини кои сè уште се борат многу. Тие ја сакаат природата и сите сили кои се борат за неа. Затоа решив да ја објавам книгата и да им помогнам на некој начин и да им се оддолжам во име на сите нас “.

Прочитајте и...  Илустратор ги црта страсните моменти на љубовта и блискоста

Најпопуларно


To Top