Свет

Во Германија тајно снимено мачење на мајмуни кои испуштаат болни крици (Фото+Видео)

На интернет се појавија снимки од сурово мачење мајмуни во Германија.

0 social monkeys scream out in pain in secret footage recorded at german lab 4

Како што пренесува хрватски „Индекс“, снимените мајмуни се користат за тестирање отрови во лаборатории во Миененбател во северна Германија.

На снимката се гледа како мајмуните се тестирани во ужасни услови – врзани со метални алки и држени во мали кафези притоа врескајќи од болка.

0 social monkeys scream out in pain in secret footage recorded at german lab 1

Процедурата била откриена од активисти за права на животните.

Покрај мајмуните, се тестираат и мачки, кучиња и зајаци, кои потоа се убиваат.

0 social monkeys scream out in pain in secret footage recorded at german lab

Активистичките организации Soko Tierschutz и Cruelty Free International спровеле тајно снимење во соработка со еден лабораториски работник.

„Животните сè уште пријателски мавтаа со опашките кога ги носеа да ги убијат. Мајмуните имаат најлош третман. Работниците што работат таму не се обучени за нега на животните“, вели Фридрих Малн од Soko Tierschutz.

0 social monkeys scream out in pain in secret footage recorded at german lab 2

Според британски „Метро“, ​​мачките во лабораторијата добиваат и по 13 инјекции на ден. Активистите за правата на животните повикуваат на заострување на законот.

Прочитајте и...  Никогаш повеќе нема да пиете газирани сокови откако ќе го изгледате ова видео

„Тестирањето на токсичност вклучува труење на животните за да се процени колку хемикалии или лекови се потребни за да се предизвика сериозна штета и да се одреди која доза би била безбедна за луѓето“, предупредуваат активистите.

0 social monkeys scream out in pain in secret footage recorded at german lab 3

Видеото можете да го погледнете ТУКА.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: ВИДЕОТО Е ВОЗНЕМИРУВАЧКО!

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно

To Top
Close