in

Во хеликоптерската несреќа починала и ќерката на Коби Брајант, 13 годишната Џиана

Во хеликоптерската несреќа која се случила утринава во близина на Лос Анџелес во која почина славниот кошаркар Коби Брајант починаа уште 4 други лица, од кои и втората ќерка на Коби Брајант, 13 годишната Џиана.

Џиана, која накратко ја нарекуваа Џиџи, била со кошаркарот во неговиот приватен хеликоптер, потврдуваат од ТМЗ спорт.

Сопругата на Коби Брајант, Ванеса, со која имаат 4 деца, не била на летот.

Извори за ТМЗ спорт кажуваат дека Коби и Џиана биле упатени на кошаркарски натпревар, и дека другите патници биле кошаркар и неговите родители.

Прочитајте и...  Родени се на исти ден, а сега порасна во вистински „фраер“- синот на Ламбе Алабаковски сурфа на плажа

Што мислите?

0 Поени
Upvote Downvote