Случувања

Во Италија излекувана првата личност заболена од коронавирус со лекот „Ремдесивир“

Во Џенова од коронавирус оздраве личност лекувана со експериментален лек  Remdesivir.

Имаме прв заболен кој оздраве откако беше третиран со лекот Remdesivir, изјави примариусот на клиниката за инфективни болести во болницата Сан Мартино во Џенова, Матео Басети на вчерашната прес конференција.

Како што се наведува, лекувањето на 79-годишниот пациент започнало на 7 март, а по две тестирања тој бил негативен на корона вирусот.

Италијанското министерство за здравство одобри тестирање на првата вакцина против корона вирусот на животни во среда, пренесува новинарската агенција АНСА.

Прочитајте и...  Руски научници го променија движењето на времето

Најпопуларно

To Top