in

Во клештите на Ковид 19

Живееме во динамично време. Таквиот начин на живот со себе носи  предности, но и голем број на недостатоци најчесто предизвикани од наше или нечие невнимание, или пак од пандемија која се случува во моментов.

Во едни такви случувања треба секој од нас да размислува и да се однесува одговорно. Бев премногу одговорна за себе, а за Ковид 19 слушав на ТВ и читав по социјалните мрежи. Но, не секогаш одговорноста значела и заштита!

Ме нападна! Како започна…..!!!???? (ќе споменам неколку имиња)

Првата недела од месец Ноември со колешката Емилија на работа одевме втора смена за да не се групираме и среќаваме со останатите вработени.

 Се сеќавам утрото среда беше станав направив кафе и додека ги завршував домашните обврски околу станот и детето потпивнував од кафето. Се спремав и заминав на работа. Колешката Еми ми рече ќе одам кај мајка ми да направам лабораторија, имам нарачано јадење, земам и се враќам. Сакаш и за тебе да земам? Не, одговорив. За кратко се врати. Кажав не, а всушност нешто од внатре ми викаше дека сакам храна. И сега си викам ооо зарем и јас да јадам Врап пилешки (знаат дека ретко јадам). Се јавив и нарачав од Burger Time. За кратко добив СМС: “Вашата нарачка е готова”. Појдов да ја земам и седнав надвор во училишниот двор да јадам. Хммм чудноооо… Зарем не знам што јадам?? Убава и квалитетна  е секогаш од таму храната. Неее, очигледно е во мене проблемот што не можам да вкусам. Го игнорирав сето тоа. Не придадов значење. Наредната ден повторно попладнето на работа одам ама нозете не ми движат, а главата не ја чувствував за своја. На Еми и викам имам страшни болки во главава и сум омалаксана. Се напив  аналгетик и ми вика од времево може е!

Претпоставувам дека мојот имунитет беше компромитиран одреден период  и дека лесно бев подложна на вирусни, бактериски и други заболувања.  Но, вирусот пополека ме нападна. Не е вирус чудовиште, ЛАМЈА…. Од кого се инфицирав не знам!!!??

Прочитајте и...  Жено, не гледај во минатото, знај дека тој се нема променето..

Немав вкус (прв знак), омалаксаноста втор, и ноќта петокот имав 38.7 температура. Истиот момент од кревање на температура се самоизолирав со ќерка ми Калина (06.11.2020). Дете е знам немам кај да го носам. Имам родители еден има проблеми со срце, друг дијабетичар, свекрва со 2 операции во еден месец…..и започнува голготата наречена БОРБА.

 Температурата немаше ни абер да престане да се намалува. Без енергија, исцрпена, главата ми пулсираше, замор во очи, висока температура, грчеви во мускули, без апетит го контактирав матичниот. Ми рече да сите симптоми се на Ковид пиј Парацетамол па ќе почниш со Сумамед. Земај витаминска терапија. Постапив по неговите препораки. Температурата не се симнуваше. Дома сама со малолетно дете паника, страв и неизвесност. Потоа сопругот се врати од Скопје  и свесно сите знаевме што не чека.

Тест термин нема за лек,  нити ќе има ми кажа матичниот. Сега што…? Закажав приватен тест во Скопје на шестиот ден од симптомите. Резултатот стигна вечерта и нормално позитивен. Температурата како да ми кинеше дел од плуќата, а не кашлав. Дома легната беспомошна пијам Сумамед,  пијам Парацетамол мислиш тик-ток бонбони се. Сила повеќе немав, ме надвладеа ме зеде во негови раце. Телефонот звони нели родители не можат да те видат барем да те чујат ама немаш глас ни ало да слушнат. И тука следува психолошки притисок ,панични напади. На 10 ден ја снимав плуќата за да ми констатираат бронхопнеумонија на двете белодробни крила. Страв, неизвесност и триста мисли во глава. Пушти ТВ ќе кажат како нема слободни места, како некој е на респиратор, како се борат за кислород итн.. Сега што? Се вратив дома и матичниот се јави да појде некој друг за да ја купи терапијата, и дека  морам веднаш да почнам да се лекувам во домашни услови. Појде татко ми. Вика имаш 20 инфузии да примиш со Лендацини, Аминофилин, Урбазон, Аналгин итн.. ( во меѓувреме почнувам Панцеф по што Сумамед завршив) два пати дневно ќе те боцкаат дома од Брза помош.

Прочитајте и...  Париз- градот на тајните љубови

На 11 ден повторно температура, а примам инфузии…. Паника, сатурација се намалува, срцебиење…каде згрешив викам боже?? Достава на храна вршеа моите родители, мојата сестра, свекор ми, свекрва ми, братучед ми и снаа ми Огненчо и Маја, мојата другарка Сунчица, мојата пријателка Јованка, братучетка ми Ангела, мојата комшивка Јасмина  се додека не ја фати истата мака (нејзиниот сопруг позитивен). И си викаш како да јадам кога уста не ми се отвара. Деноноќно покрај мене сопругот и ќерката, а се плашам да не се случи со нив исто!  Поддршка имав од колегите од работа и директорот секојдневно.

Врвеа денови,   јас утро и вечер здравствените работници во Брзата помош од Македонски Брод доаѓаа и не се штедеа на петти спрат да се качуваат. Немам зборови со кои можам да ја искажам благодарноста до нив ( Дафе Алексоска, Елена Иваноска, Светле Мојсоска, Нина Стојкоска, Маријана  Стојкоска, Слаѓана Јовеска, Вида Силјаноска и сите останати), и пожртвуваните работници како што се шоферите кои безбедно ги превезуваа до сите домови, директорот на Здравствениот дом Македонски Брод Жарко Симески, докторите во Брзата помош Дијана С.Настевска, Силвана Стефаноска, Гордана Д.Јорданова, Катерина Попоска,  Кристиан Богданоски, Александар Божиновски (ако заборавив некој, извинете). Секако на мојот матичен доктор Спаско Ѓурчиноски му се поклонувам до земја. Поддршка добивав од сите, можеби оние кои ќе заборавам да ги пишам нема да замерат. Истрајни, пожртвувани, достојни  се бореа заедно со пациентите како мене со Ковид 19.

На петнаесетиот ден веќе почнував делумно да дишам како што треба, во меѓувреме почнаа да ме боцкаат со Клексани затоа што де-димерите беа зголемени и почнав со трет антибиотик Моксирал. Една недела по повторна контрола, веќе и тие се ставаа во ред. Во изолација е целото семејство секако,  за среќа сопругот не јави ни еден симптом , а девојчето 2 дена имаше покачена температура и омалаксанот, но потоа се се нормализира. Фала Кике Кралеска-другарка  за несебичната помош кога станува збор за Клексани!

Прочитајте и...  Зошто е толку тешко да се направи вакцина за КОВИД–19?

Во изолација останав 21 ден од ден на тестирање, и оние 6 кога сама се повлеков веќе беа 27 дена. Пополека почнав да станувам од постела од оваа агонија. Многумина не веруваат во овај вирус, затоа сакам да нагласам дека е опасен и непредвидлив. Со страв и резерва кажував на телефон подобра сум, затоа што знаев дека може за нецел саат да биде лошо. И да не се лажеме паднав психички многу, не ме радуваше ништо, добивав панични напади, плачев.

Жално беше што сето тоа се случуваше пред  очите на моето 11 годишно дете, кое те гали по глава за поддршка. Многу роднини, пријатели, колеги  сакаат да те слушнат, пишат ама едноставно не можеш.

Затоа бидете паметни и верувајте во ова чудо. Ограничете ги контактите со луѓето затоа што ова се влошува наместо да се подобрува.

На оние кои се во иста или слична ситуација како мене им посакувам брзо опоравување и да останат здрави. Пијте многу течности, носете маска и миете раце. Кога ова го пишувам веќе еден месец помина, се чувствувам подобро, омалаксаност имам и брзо се заморувам. Вирусот остава траги верувајте. Останувам дома некое време, само свеж воздух и здрава храна до стекнување на имунитет ќе консумирам.

Ве молам запомнете дека само затоа што не покажувате никакви симптоми НЕ значи дека го немате вирусот.

Напишала

Маја Тодороска-Стојаноска

Што мислите?

0 Поени
Upvote Downvote