Случувања

Во комбе со лажен корона пациент: Генијална казна за оние кои не ги почитуваат мерките (ВИДЕО)

Целосното затворање во Индија и забраната за движење се продолжени до 3 мај, со цел намалување на заболените од КОВИД-19.

Многу Индијци не ги почитуваат мерките, а еден од овие случаи се мажи кои се возат по тројца на еден скутер, без маски и заштитна опрема. Инцидентот се случил во Тирипур, а видеото од постапувањето на полицијата вирално се прошири.

Полицијата која патролира во градот применува уникатен начин за да ги казни престапниците и да ги научи лекција за заштитување, ги тераат да влезат во амбулантно возило. Тие не ни можат да претпостават што ги чека внатре.

Полицајците им кажуваат на мажите дека во возилото има пациент заболен од КОВИД-19. Видно вознемирени од информацијата, на видеото може да се видат младите мажи како безуспешно пробуваат да избегаат и да не влезат во возилото.

Прочитајте и...  На денешен ден Чернобил стана град на духови - погледнете како изгледа денес (ФОТО+ВИДЕО)

Најпопуларно


To Top