Во напад на љубомора, ја избодела сестра си 189 пати, ѝ го отсекла увото и ѝ ги извадила очите

Девојка од Русија ја убила својата помала сестра, и го отсекла увото и ѝ ги извадила очите, па осудена е на 13 години затвор. Јелисавета Дубровина (18) ја избодела сестра си Стефанија (17) и тоа најмалку 189 пати, ѝ го отсекла десното уво, и ги повредила виталните органи, а потоа и ги извадила очите, воведено е во полицискиот извештај.

hqdefault

Жртвата починала на самото место по многубројните повреди, а љубоморната сестра добила 13 години затвор.

Убиството било извршено пред 3 години, а Јелисавета потоа е одведена на психијатриско лекување. Стефанија е убиена во куќата на 44- годишниот фотограф Алексеј, кој ѝ бил и љубовник на Стефанија, додека тој бил во продавница по алкохол.

Несреќникот сведочел дека го нашол голото тело на Стефанија кога се вратил од продавница. Како што рекол, ја задржал и Јелисавета да не побегне додека не пристигне полицијата.

Прочитајте и...  Голема радост по трагедијата во домот на славниот скијач: „Моето девојче од небото ми ги прати овие подароци“
Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде