Животински свет

Во оваа кинеска зоолошка посетителите се во кафез, а животните на слобода

Во последно време слободата на животните е многу дебатирана тема, особено нехуманоста на човекот да ги зароби скоро истребените видови на животни и да се восхитува на нивната немоќ. Во повеќето зоолошки животните се заробени во кафез, а посетителите се исмејуваат на нивната неспособност да ги покажат своите природни навики, па затоа оваа кинеска зоолошка градина нашла необичен начин да им прикаже на луѓето како навистина функционираат дивите животни.

Зоолошката LeheLedu Wildlife Zoo им дозволува на дивите животни како мечки, сите видови на големи мачки и слично да се движат слободно, а наместо тоа ги ставаат посетителите во кафез и им овозможуваат да се доближат неверојатно блиску до дивите животни.

Портпаролот на зоолошката градина Chan Llang, изјавил: „Ние сакавме на нашите посетители да им ја дадеме можноста да почувствуваат како е да бидеш демнет и нападнат од големите мачки, но секако без никаков ризик од опасност.“

Прочитајте и...  ВИДЕО: За неколку минути илјадници пчели му го нападнале автомобилот

На кафезите во кои се превезуваат луѓето има закачено парчиња месо, со цел да ги привлечат дивите животни поблиску, а истовремено посетителите се заштитени внатре во кафезот и животните неможат да ги изедат. Исто така на покривот има мали отвори преку кои посетителите можат да им дадат храна на животните.

Според Chan Llang сите посетители се предупредени да ги задржат нивните прсти и раце внатре во кафезот, бидејќи гладниот тигар неможе да ја најде разликата помеѓу нив и неговиот доручек.

Иако посетителите имаат воодушевувачки фотографии од лавови и тигри како скокаат врз кафезот, до зоолошката веќе пристигнале критики од луѓе кои мислат дека е преопасно да се доближат посетителите толку блиску до дивите животни.  Според некои луѓе оваа зоолошка е нарекувана „темпирана бомба која само чека да пукне“ или „несреќа која се чека да се случи“.

Истовремено оваа зоолошка е една од најатрактивните за посета и покрај сите опасности. Во 2015 година, кога зоолошката била за прв пат оворена, билетите биле распродадени однапред за 3 месеци. Се чини дека сепак луѓето преферираат да ги видат животните во нивната природна појава отколку заклучени во кафези.

Прочитајте и...  Чисти езера и нови катчиња во ЗОО Скопје

Посетителите велат дека е најнеобичната зоолошка која е посетиле до сега, искуство кое не се опишува без да се осети.
Што мислите вие за ваков тип на зоолошка, дали би ја посетиле?

Најпопуларно


To Top