in

Во потрага по изгубеното

Неколку дена талкам како “мува без глава”. Се задлабочувам во лицата на луѓето, барам по некоја насмевка, но таму гледам само скислени фаци. Барем по една изглумена насмевка, но ни тоа го нема. Лицата ни се толку горчливи како кафе без шеќер. Што повеќе да споредам?

Не изгледа, туку навистина сме заборавиле како навистина треба да се живее. Ниту еден текст на социјалните мрежи не ни ја менува навиката, ниту пак не менува.

Ниту сум професионалец, ниту аматер, ниту писателка во обид. Само длабоко провирам по просториите на ЖИВОТОТ.

Се што правиме,правиме за себе си. Никој не ни е виновен, ниту пак во одредени ситуации така требало да биде.

Најадени, a всушност сите гладни за внимание, љубов и почит.

Постојано во потрага по изгубеното.

Премолчи, доволно е за да не носиш товар на грб, свесен си за се, само негираш.

Ќе видам некогаш на постојка жена, стуткана од студ, на лицето ја носи веќе тагата од животот. Тие убави црти кријат големи и црни лаги и мрачни судбини.

Прочитајте и...  Со банана и цимет до подобар сон!

Од друга страна, ќе здогледам детенце што зрачи како сонце.Во него гледам утеха, но потоа помислувам чекај каде брзаш, животот само што не започнал.

Глумат ладни како камен, а одвнатре титаник, небаре мислиш си убил човек ако покажеш чувство.

О не, тогаш доаѓа редот: Мораш да си силен, цврст и да не покажуваш.

А кога чувствата нагло нараснуваат, тогаш веќе доаѓа камелеонот на општеството.

Нацртано во бои, нарежано длабоко негде, со крвави зборови пишуваш, а лек нема.

Пишува: Сања Симјаноска

Што мислите?

0 Поени
Upvote Downvote