Литература

Во Романија бесплатен превоз за сите што читаат книги

Романскиот град Клуж-Напока во Трансилванија е првиот во светот кој обезбеди бесплатен градски превоз за сите патници кои читаат книги во автобусите.

besplatan prevoz za one koji citaju knjigu aps 807723364

Фото: Shutterstock

Иницијативата била на младиот активист Виктор Мирон во обид да ги поттикне луѓето да читаат повеќе додека се возат со јавниот превоз.

Тој ја доставил иницијативата до општинските власти минатата година, а беше усвоена во јуни оваа година, пишува Bored Panda.

Мирон организирал слична акција на почетокот на минатата година. Кога забележал дека луѓето реагираат позитивно на попусти, предложил до Градското собрание во Клуж првата недела од секој месец луѓето кои читаат книга додека патуваат со автобус, да патуваат бесплатно.

Откако властите го прифатиле концептот, на првиот ден од Саемот на книгата, повеќе од 1.200 луѓе патувале бесплатно.

Виктор Мирон, исто така, се залагал и за други кампањи во кои тој го промовирал читањето.

Една од нив е проектот “Bookface”, што значело дека сите луѓе кои имаат книги како профилна фотографија на Facebook добивале најразновидни попусти во книжарниците.

Прочитајте и...  40 неверојатни скулптури од книги

Според едно истражување на романскиот Институт за социологија, 22% од младите во Романија не читаат, додека еден од пет чита само една книга годишно.

Клуж-Напока се наоѓа во централниот дел на Романија и со повеќе од 300.000 жители е втор по големина во регионот Трансилванија.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top