Во Русија активни 219 шумски пожари на 228.848 хектари

Во моментов има 219 шумски пожари во Русија на површина од 228.840 хектари, а службите за итни случаи и пожарникарите успеаја да изгаснат 41 во последните 24 часа на површина од 23.000 хектари, соопшти Службата за заштита на шумите од воздух.

rusija0

Најголем број пожари се регистрирани во Краснојарск, на површина од 92.215 хектари, во Иркутск на 128.482 хектари и во Хабаровск 1.397 хектари.

Во гаснењето се вклучени 4.015 лица и 59 авиони.

Вонредна состојба поради пожари е прогласена во Иркутск, Јакутија и Краснојарск, како и во две области во Бурјатија, пренесува ТАСС.

Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.