Во Словенија паѓа снег

Поради падот на температурите во Словенија на високите планински места веќе започна да паѓа првиот снег за оваа сезона. Започнато е формирање и на бела покривка, а врнежите ќе продолжат и понатаму. Снег паѓа на Кредарица.

Во Македонија и во следните два дена атмосферата нема да биде во целост стабилна, па така и понатаму ќе има особено изолирана појава на нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи како и со засилување на викендот.

Многу постабилно време ќе имаме особено од четврток па за време на следниот викенд, а максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот претежно од 24 до 32 степени.

Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.