Во Србија е официјално потврдена африканска чума кај свињите

Научниот институт за ветеринарство во Белград, потврди дека во Србија се лоцирани неколку жаришта на африканска чума кај свињите.

Оваа опасна и заразна болест е потврдена на три пункта во три села околу Младеновац.

Донесена е одлука да се стави во карантин заразената област околу Младеновац во радиус од три километри, соопшти Министерството за земјоделство на Србија.

Африканскиот вирус на свинска чума, за кој не постои вакцина како превентивна мерка, напаѓа само домашни и диви свињи и не постои опасност за луѓето да се заразат.

Тие може да консумираат свинско месо во регистрирани установи што се предмет на проверка на ветеринарна инспекција.

Се препорачува никако да не се купува месо во Србија без задолжителниот ветеринарен жиг.

Институтот за ветеринарна наука во Белград идентификуваше фокусна точка во селото Рабровац и врз основа на тоа, сите понатамошни чекори и превентивни мерки биле преземени уште пред 15 дена, кога станало сомнително, за да се спречи ширењето на инфекцијата, се вели во соопштението.

Прочитајте и...  Очув монструм од Србија признал дека неколку пати силувал девојче – полицијата се шокирала

Евтаназијата на свињи е спроведена на места каде е потврдено присуството на вирусот и државата ќе ја надомести штетата на сопствениците..

Забрането е да се чуваат свињи на отворено за да не може да се пренесе заразата, а секоја општина мора да подготви јасни упатства за одгледувачите на свињи, ловци, како и известувања за гранични премини.

Секој случај или сомнителна појава на вирус на африканска свинска треска треба да се пријави кај ветеринар или ветеринарен инспектор.

Министерството забележува дека мерката за забрана на свинско месо од Србија е привремена и државите донесуваат таква одлука автоматски кога постои сомнеж или кога е прогласено заразено подрачје.

Од вчера Македонија воведе забрана за купување и транспорт низ нашата земја на свинско месо и свињи од Србија.

Свинската чума прво се појави во Бугарија, а таму се уништени стотици илјади заразени свињи.

Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.

Leave a Reply

avatar
  Претплати се  
Известувај за