Во тек е националната кампања „Биди срцевина, биди херој“ за зголемување на бројот на доброволни донори на матични клетки поддржана од Министерството за здравство, Универзитетската клиника за хематологија и Институтот за имунологија и хумана генетика, кадешто се наоѓа Националниот дарителски регистар на коскена срцевина.

Секој возрасен здрав човек на возраст помеѓу 18 и 50 години во Институтот за имунологија и хумана генетика може да дарува коскена срцевина и да спаси човечки живот.

„Пред 19 години за првпат беше изведена трансплантација на матични клетки и досега се реализирани повеќе од 550 интервенции. Во ноември 2018 година за првпат беше изведена првата трансплантација на матични клетки од несроден донор и досега изведени се 8 такви трансплантации, достапни за македонските осигуреници“, велат од Министерството за здравство.

Целта на оваа кампања е подигање на свеста за хуманост, промовирање на солидарноста и засилување на можноста преку запишување во националниот дарителски регистар, секој да може да се понуди да спаси човечки живот дарувајќи коскена срцевина.

Прочитајте и...  Се снима филм, булевар „Илинден“ затворен
Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.

Leave a Reply

avatar
  Претплати се  
Известувај за