Македонија

Во тешка сообраќајка загина великанот на македонската кошарка Благоја Георгиевски -Буштур

Во тешка сообраќајна несреќа која се случила синоќа загина македонската кошаркарска величина, Благоја Георгиевски.

ФОТО: Спорт1.мк

-Според првичните, неофицијални информации, несреќниот момент се случил во скопската населба Кисела Вода, поточно кај сервисот „Скендеровски“. Со непрописна брзина на движење, и дождливиот коловоз, легендарниот Буштур изгубил контрола над возилото, излетал од патот и удрил во бетонските блокови поставени покрај булеварот. Великанот на македонската кошарка починал на лице место, соопштува Кошаркарската федерација.

Благоја Георгиевски е роден на 15. октомври во Скопје. Најголем дел од својата играчка кариера ја помина во Работнички, клуб со кој се натпреваруваше во Првата југословенска кошаркарска лија. Во сезоната 1975/76 популарниот Буштур, заедно со Работнички, стигна и до полуфиналето на Купот на победниците на Куповите.

Георгиевски беше и член на младинската репрезентација на Југославија. А со таа селекција, предводена од Лазар Лечиќ, Буштур ја освои Балканијадата во Ријека одржана во 1970 година. За време на младинското Европско првенство во Атина, нашиот кошаркарски великан го освои четвртото место.

Прочитајте и...  Го истетовирал последниот подарок од неговата ќерка

Во 1971 година, беше дел од југословенската сениорска репрезентација која настапи на ЕП во Западна Германија, каде се закити со сребреното одличје.

Георгиевски беше учесник и на Летните Олимписки Игри во 1976 година кои се одржаа во Монтреал. Како составен дел на популарните „сини“, Буштур стигна до олимпиското сребро, што е најголемиот резултат на еден македонски кошаркар во историјата на овој спорт.

Image result for благоја георгиевски

По осамостојувањето, Георгиевски работеше и како тренер. Беше и селектор на македонската сениорска репрезентација.

Беше член на Управниот Одбор и на Собранието на Македонскиот Олимписки комитет, претседател на Олимпискиот Совет при МОК, а беше и потпретседател на највисоката спортска институција во нашата земја.

Член е на Клубот на Великаните на Македонскиот Олимписки комитет од 1997 година.

Ова е втора кошаркарска трагедија за кратко време по онаа во која кошаркарскиот свет остана без уште еден великан на светската кошарка – Коби Брајант, кој загина во хеликоптерска несреќа.

Буштур пред тешката сообраќајка во која го загуби животот случена синоќа, бил на вечера со популарниот босански пејач на „Бјело Дугме“ и „Дивље јагоде“ Ален Исламовиќ.

Прочитајте и...  72 новозаболени од коронавирус, 1 починат пациент, 3 излечени

-Утринава во сообраќајна несреќа во Скопје загина легендарниот кошаркар Благоја Георгиевски – Буштур. Минатата вечер бевме заедно на вечера. Нека му е вечна слава и големо и искрено сочувство на неговото семејство, пријателите и љубителите на македонската кошарка. Вечно ќе бидеш во нашите срца Благоја“, напиша пејачот на својот Фејсбук профил.

Извор: Курир

Најпопуларно

To Top