Случувања

Во училиште запишани 15 овци бидејќи му се заканувало затворање

Училиштето на овој чекор се одлучило, бидејќи бројот на ученици се намалил од 266 на 261.

5hWhBRujTd vo uciliste zapisani 15 ovci bidejki mu se zakanuvalo zatvoranje se fotografirale duri za almanah

Петнаесет овци симболично биле запишани во едно училиште во Франција само за тоа да не биде затворено. На училиштето поради недостиг на ученици му се заканувало затворање, па во едно одделение во основното училиште во Крет биле запишани 15 овци кои дури и се сликале за алманах. 

Училиштето уште во март добило известување дека од наредната година ќе затвори затоа што бројот на ученици се намалил од 266 на 261, пишуваат француските медиуми.

Гаел Лавал, член на синдикатот на старатели организирал демонстрации во селото нагласувајќи дека “постојат деца кои се соочуваат со проблеми, но дека безобразната власт ја интересираат само бројки и покрај тоа што има 11 полни одделенија во училиштето”.

Така Лавал, инаку локален ветеринар, во вторникот наутро во училиштето пристигнал со 50 овци и своето куче. Тој дури и набавил изводи од матично за 15 од нив и ги запишал во училиштето.

Прочитајте и...  Зорица Брунцлик се шета со празни џебови: „Некој на улица да ми побара 100 динари, нема да имам!

“Сега ќе мора да отворат уште едно одделение”, рекол Лавал и признал дека сакал да го искористи хуморот како најдобро оружје против државата.

Најпопуларно


To Top