Случувања

Во Вухан “ја дочекаа светлоста на денот”: Се радуваат и на најобичното одење до продавница

Епидемијата од корона вирусот започна во кинескиот град Вухан, уште минатата година во декември, каде после речиси пет месеци, луѓето повторно излегуваат надвор.

Конечно луѓето можат да излезат сами и да си купат свежа храна после долг период. Во Вухан до овој момент се функционираше со достава преку интернет.

Денес после подолг период отворени се супермаркети, а во едниот имало редица долга, каде повторно луѓето биле на растојание од 1,5 метар.

Граѓаните се уште носат маски и ракавици, но јасно се гледа насмевка на нивното лице, затоа што конечно корона вирусот заминува.

Прочитајте и...  164 нови заболени од КОВИД-19, починати 2 пациенти

Најпопуларно

To Top