in

Во Загреб отворени гробишта и крематориум за домашни миленици

Загреб е првиот град од овој дел на Европа кој изгради современи градски гробишта за домашни миленици.

groblje i krematorijum za kucne ljubimce aps 173477590

Во Загреб се отворени гробишта и крематориум за домашни миленици „Spomengaj“. Гробиштата се протегаат на 13.000 квадратни метри, а во составот вклучуваат и здрада со канцеларија за прием и сала за испраќање на милениците.

За овој проект се потрошени два милиони евра.

„Spomengaj“ на сопствениците на домашни миленици ќе им овозможи простување од нив и нивно безбедно згрижување без да се загрози здравјето на луѓето и животните или да се загадува животната средина.

На сопствениците на милениците им се нуди низа услуги како што се преземање на телото на животното на подрачјето на град Загреб и околните села, кремирање, организирање на свечено испраќање, поставување на телото во гробицата како и уредување и одржување на тоа место.

Хрватските медиуми пренесуваат дека цената на кремирањето ќе биде од 20 до 200 евра, а тоа ќе зависи од тежината на телото и дали кремирањето ќе биде индивидуално или групно.

Прочитајте и...  Вознемирувачки фотографии од Загреб, земјотресот направи вистински хаос

Што мислите?

0 Поени
Upvote Downvote