in

Во жешката Австралија оваа очајна коала ги запрела велосипедистите и барала вода – погледнете

Оваа очајна коала, патејќи од жештините кои надминуваат 40 степени целзиусови на југот од Австралија, пришла без страв кај овој велосипедист и ја прифатила понудата од шишето со вода, пренесуваат локалните медиуми.

Велосипедистите недалеку од Аделаидеа запреле кога виделе коала на средината од патот која без страв им пришла штом запреле затоа што изгледало како да бара вода од нив, изјавила Ана Хеслер.

„Секако дека запревме затоа што сакавме да ја тргнеме од патот“ – рекла таа.

„Запрев со велосипедот и таа веднаш ми пријде, доволно брзо како за коала. Ѝ дадов вода од сите наши шишиња па таа дури се качи на мојот велосипед. Никој од нас досега не видел такво нешто“ – додала таа. 

Погледнете го видеото:

https://youtu.be/kcuwBwJdTj0
Прочитајте и...  Зоолошка градина во Газа ѝ ги отстрани канџите на лавицата за посетителите да можат да си играат со неа (ВОЗНЕМИРУВАЧКО)

Што мислите?

1 Поен
Upvote Downvote