Македонија

Вонредна дезинфекција на автобусите на ЈСП Скопје и на Жичарницата поради коронавирусот

Дополнителната дезинфекција се презема како мерка за заштита од коронавирусот со оглед на тоа што јавниот превоз во Скопје секојдневно во просек го користат 115.000-130.000 граѓани, а стотици граѓани ја посетуваат и ја користат Жичарницата.

ЈСП Скопје ќе започне со вонредна дезинфекција на возилата вклучени во јавниот превоз, како и на кабините на Жичарницата на Водно, се вели во соопштението од ова претпријатие.

По завршување на смената и утврдената рута, секој автобус ќе биде дезинфициран со соодветно средство на база на алкохол и Дезинтал 10 отсто, односно со распрскување ќе се третира внатрешноста на автобусот, а рачно ќе се дезинфицираат и одделни делови од возилото како ракодржачи и слично.

Дополнителната дезинфекција се презема како мерка за заштита од коронавирусот со оглед на тоа што јавниот превоз во Скопје секојдневно во просек го користат 115.000-130.000 граѓани, а стотици граѓани ја посетуваат и ја користат Жичарницата.

Прочитајте и...  (ВИДЕО) Како Малтежанец ја виде Македонија: Толку убава земја!

Дополнителната (вонредна) дезинфекција ќе се врши секојдневно, се до добиените нови препораки од надлежните институции кои ја следат состојбата со корона вирусот.

Од ЈСП Скопје наведуваат и дека внатрешна дезинфекција на автобусите се врши секојдневно преку т.н. редовна дневна нега (чистење, миење) на возилата. Притоа, возилата се третираат со соодветни еколошки средства кои имаат дезинфекционо својство.

Најпопуларно

To Top