in

Воодушевувачка изведба на гајда на татко и син Македонци

Оваа неверојатна изведба е за сите вљубеници во македонската изворна музика. Дело е на Синиша Грујоски и неговиот син Теодор.

Синиша Грујоски со свирење на гајда се занимава од својата 14-та година. Со своите величенствени изведби низ цела Европа, тој станува еден од најдобрите и најпознатите гајдџии во Македонија и Балканскиот Полуостров. Фолклорот е дел од секојдневието на Синиша повеќе од 25 години. Се занимава со презентација, изработка на народни инструменти и едукација на млади. Има освоено голем број награди на повеќе фестивали во Македонија, Бугарија, Полска, Романија, Англија, Германија, Португалија итн.

Момчето кое можете да го видите на видеото подолу е Теодор – син на Синиша. Тој има 8 години и учи во ООУ„Д-р Трифун Пановски“ во Битола, како и во нижото музичко училиште „Тоше Проески“.

Теодор интересот за музика го покажал на многу млади години, уште на својата трета година пробувал да свири, а веќе на 5 години ги остварил првите јавни настапи. Теодор свири на повеќе инструменти, од кои: кавал, шупелка, зурла, гајда, тапан, како и на пијано и хармоника. Вистинско чудо од дете, зарем не?

Прочитајте и...  Како изгледа куќа дизајнирана од 2 милиони луѓе?

Теодор има настапувано на бројни фестивали и има освоено многу награди како што е 1 место соло гајда на фестивалот Пеце Атанасовски во Долнени.

Музиката во семејството Грујоски опстанува со децении и поколенија наназад и создава бројни дела вредни за слушање и уживање. Музиката на ова семејство е дел од бројни соработки со врни музичари и пејачи од македонската сцена. Се надеваме на многу успеси, награди и признанија, особено за Теодор и ви посакуваме да продолжите да ја негувате македонската музика. Останете вредни и запаметени.

https://www.facebook.com/103029828472/videos/293665654938246/?v=293665654938246

Доколку сакате да погледнете повеќе изведби од таткото и синот, посетете ја нивната фејсбук страница ТУКА.


Што мислите?

0 Поени
Upvote Downvote