
На социјалните мрежи се појави видео, кое според пишувањата е снимено во Штип, и на кое се гледа како двајца мажи малтретираат девојка.
Иако причините се непознати, од тоа што може да се слушне на видеото, најверојатно таа објавила дека е бремена со еден од нив.
Видеото повлече низа негативни коментари од страна на корисниците на социјалните мрежи.
Од МВР информираат дека лицата се идентификувани и дека против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
