image 6

Износот кој во последните неколку години преку социјалните мрежи го заработија инфлуенсерите е огромен.

Една маркетинг компанија, ги открива просечните цени на спонзорираните фотографии на Инстаграм објавувајќи дека истата се зголемила со 134 долари во 2014 година на 1.642 долари оваа година. Се чини дека брендовите се подготвени добро да ги плаќаат спонзорираните постови, видео снимки, стории и блогови.

Сепак, еден познавач на оваа област тврди дека ваквиот тренд нема да претставува крај на традиционалното огласување.

-Дигиталниот маркетинг е еквивалент на усниот, но секогаш постои комбинација измеѓу овој вид и традиционалното огласување, изјавил Јувал Бен-Итзак извршниот директор на платформата Socialbakers која се занимава со маркетинг на социјалните мрежи.

Извештајот опфатил спонзорирани содржини на Фејсбук, ЈуТјуб, Инстаграм и блоговите истражувајќи ги договорените цени од 2014-2019 година.

-Просечната цена за спонзорирани Инстаграм фотографии се зголемила за 44% само од 2018 до 2019 година

-Цена на спонзориран пост на блог од 7,39 долари во 2006 година, се зголемила на 1.442 долари во 2019 година.

Прочитајте и...  Истражување: Фејсбук го расипува расположението и работните вештини

ЈуТјуб видеата се најскапи и бележат раст од 420 долари во 2014 година, на 6.700 долари оваа година

-Цената на Фејсбук статус се зголемила од осум долари во 2014 година на 395 долари во 2019 долари

-Цената на Твитер е од 29 долари во 2014 година на 422 долари годинава

-Објавите на блоговите од 407 долари се зголемиле на 1.442 долари

Со оглед на фактот дека се поголем број луѓе сакаат да станат инфлуенсери на социјалните мрежи, индустријата доби поголема контрола на објавите од регулатроните органи. Минатиот месец тројца инфлуенсери објавиле на Инстаграм содржина поврзана со производи за слабеење коо подоцна се забранети, наведено е дека се „неодговорни“.

Истражувањето вели дека спонзорираните инфлуенсер објави од минатата година пораснале за 150 проценти и дека употребата на хаштаг #ad е зголемена повеќе од двојно.

Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде