Македонија

Втора жрвта од корона вирусот во Македонија

Ноќеска на Клиниката за инфективни болест и фебрилни состојби во Скопје почина маж, кој е втора жртва на корона вирусот во Македонија, потврдија од министерството за здравство.

Станува збор за 63-годишен маж од Дебар, кај кого нагло дошло до влошување на состојбата.

Пациентот за прв пат е примен на Клиниката на 17-ти март, кога немал ниту покачена температура, но бил со наод на белите дробови и бил зависен од кислород.

Во текот на ноќта нагло се влошува неговата состојба, веднаш е интубиран, ставен на респираторна машина, но во неколку часа неговата состојба дополнително се влошила и пациентот починал. Пациентот немал позната историја на коморбидитет.

Прочитајте и...  35 новозаболени од коронавирус, 5 починати лица

Најпопуларно

To Top