Дом и Градина

За чисти теписи: Едноставен и евтин прашок што можете сами да го направите

Кога теписите мирисаат свежо и пријатно, целиот амбиент во домот се менува. Наместо да давате пари за скапи детергенти или да се мачите да ги перете теписите, направете си го овој домашен прашок со кој ќе ги чистите теписите секогаш кога ќе има потреба за тоа.

Содржи неколку едноставни состојки кои не ја загадуваат околината како хемикалиите во детергентите, а скоро сите ги имаме дома и се прави многу брзо и лесно.

Потребно е:

  • 2 шолји сода бикарбона
  • ½ шолја пченкарен скроб
  • ½ шолја пченкарно брашно
  • 1 лажичка каранфилчиња
  • 4 ловорови ливчиња

Подготовка:

Ставете ги сите состојки во блендер, на мала брзина.

prasok

Сода бикарбоната ја впива нечистотијата, а ловоровите ливчиња даваат свеж мирис и делуваат антибактериски.

prasok2

Ставете ја смесата во сад со решетка, како оние во кои се чуваат сол и бибер, но со поголеми дупчиња.

sol

Испрскајте низ целиот тепих и оставете да отстои два часа или цела ноќ.

Прочитајте и...  Жените кои остануваат сами подолг период се најсреќни: Еве зошто!

Најпопуларно


To Top