Забава

За да добијат диплома, студентите на Филипини мора да засадат 10 дрвца

Сенатот на Филипини воведе нов закон со кој ќе ги вклучува учениците и студентите во заштитата и одржувањето на животната средина.

05

Имено, сите ученици од основно и средно училиште и сите студенти ќе треба да засадат по 10 дрвца доколку сакаат да дипломираат.

Најмладите најмногу ќе ги чувствуваат последиците од глобалното затоплување, па затоа со оваа иницијатива, тие ќе бидат вклучени во справувањето со климатските промени и ќе имаат можност да „изградат“ позелена и поздрава средина за нивната генерација и сите идни генерации.

06

Филипини е архипелашка земја во Југоисточна Азија, која се состои од 7.641 острови. Доколку правилно се имплементира овој закон, се очекува вкупно 525 милиони дрвја да бидат засадени од една генерација.

„Со над 12 милиони ученици кои завршуваат основно, речиси 5 милиони ученици кои завршуваат средно школо и околу 500.000 студенти кои дипломираат секоја година, оваа иницијатива, ако правилно се имплементира, ќе осигури секоја година да се засадуваат најмалку 175 милиони нови дрвца“ – изјавил конгресменот Гари Алехано.

07

Филипини во огромна мера се соочува со нелегално сечење на шумите, со што во изминатите децении шумската покривка од 70% се намалила на 20%.

Прочитајте и...  Дипломирале роботи наместо студенти (ВИДЕО)

Локалните непрофитни организации ќе помагаат во спроведувањето на новиот закон со избирање ендемични видови дрвја и соодветни локации за засадување.

Остави коментар

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top