За да те пронајдам

„За да те пронајдам“ – Сезона 1, Епизода 1

Софија

superthumb

Го следев звукот кој се ширеше во собата, стравот владееше со мене, се тресев како желе, но, продолжив да се движам, одев напред, кон целта, одев кон непознатото. Еден чекор, два и застанав. Запрев пред да направам уште еден чекор и да влезам во собата од која доаѓаа тие звуци. Беше темно, а јас бев сама. Издишав, зедов длабоко воздух, а потоа собрав храброст бидејќи морав да се соочам со тоа што се наоѓа во таа соба, што и да е тоа. Дали сега или неколку минути подоцна ништо нема да се промени, истиот краен резултат, ама сметав дека е подобро веднаш да се соочам со реалноста и да се предадам во рацете на судбината. Тогаш го направив тој пресуден чекор и влегов во собата. Очекував да бидам киднапирана или убиена, но тоа не се случи. Гледав во една силуета која се губеше низ темнината на дневната соба. Не можев да препознаам кој е, а уште помалку имав идеја што прави во мојот стан, во мојата дневна соба. Тогаш, силуетата на ноќта ја вклучи струјата. Јас… Јас го познавав него. Тој беше мојот најдобар другар, моето момче, крадецот на моето срце, причината за секоја моја насмевка и солза. Го немав видено многу долг временски период. Ми недостигаше. Копнеев за неговата прегратка, за неговите бакнежи, за неговото тело, за сè. Сега тој стоеше пред мене. После толку време, конечно се видовме, конечно сме заедно, во иста соба, го дишеме истиот воздух. Ја подигнав главата погледнав нагоре. Погледите ни се вкрстија. Што се случи потоа? Апокалипса. Се согласивме на врска на далечина, но го мразев тој компромис, ја мразев далечината. Не можев да го прегрнам, да го видам кога и да посакав, беше одвратно. Сега, во овој момент, јас не можев да бидам посреќна. Уште гледав во него, право во неговите очи, не се помрднував, ама тој го направи првиот чекор. Лео ги рашири рацете, сега ме чекаше со отворена прегратка, а јас истрчав кон него. Се прегрнавме, тогаш, небото и земјата за мене се соединија, се бакнавме, ѕвездите танцуваа за нас, а ние делевме еден прекрасен момент, заедно. Наскоро сè ова ќе изчезне. Сакав да поминам што е можно повеќе време со него, колку што е можно повеќе, бидејќи наскоро сè ќе заврши, па дури и оваа привидна среќа….

Прочитајте и...  „За да те пронајдам“ – Сезона 2, Епизода 7

ivona markovska

Ивона Марковска е родена на 10.9.2002 година, а живее и учи средно училиште во Битола. Има објавено две книги, „Пронаоѓање“ – нејзиното прво дело кое е издадено самостојно, а втората книга „Аурора“ е издадена под издавачката куќа Култура.

1 Comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top