За да те пронајдам

„За да те пронајдам“ – Сезона 1, Епизода 10

zadatepronajdam

Лео
Почна да ѕвони телефонот.
„Ало?”
„Побегнав, дојди на нашето место, морам да спуштам бидејќи ќе ме стигнат, те чекам!”

Ги грабнав клучевите од моторот и заминав, заминав да ја пронајдам Изабел, да ја спасам и неа, и Софија, решението само се појави пред мене.
Возев како луд, ветрот се трудеше да ме собори, но јас не се предавав, имав причина зошто толку мнгу брзам, имав цел, имав можност да ја спасам жената која ја сакам.
Пристигнав.
Старата фабрика за колачи, омиленото место од детството, на мене и на мојата сестра. Ја затворија пред пет години поради банкрот. Се качив на кровот, мора да е таму, бидејќи тоа место, кровот од фабриката за колачиња е најволшебното кое постои на светов, таму и ѕвездите се твои, месечината е твоја пријателка, а Сонцето сјае посилно за тебе. Изабел го познаваше кровот, јас и таа, тука бегавме од животот, прво јас, сега таа.

Прочитајте и...  „За да те пронајдам“ - Сезона 1, Епизода 13

„Изабел?!”

Тишина.

„Изабел, јас сум, можеш да излезеш!“
„Лео!”
Прегратка, силна, ја искажуваше сета љубов помеѓу братот и сестрата, зборуваше за почитта меѓу нив, за стравот, за преживеаното.
„Мора да ја спасиме Софија, инаку…”
„Знам Изабел, но незнам како.”
„Ја ност надвор од државата! Вечерва! Еден од нивните клиенти ја виде, му се допадна и реши да ја присвои, а ги знаеш, и двајцата, за пари и душата ќе си ја дадат.”
„По ѓаволите!”
Срцето ме стегаше, душата ми плачеше, не сакам и не смеам да ја изгубам Софија. Мора да пронајдам решение.
„Каде се сега? Знаеш?”
„Да”.
„Одиме!”


ivona markovska

Ивона Марковска е родена на 10.9.2002 година, а живее и учи средно училиште во Битола. Има објавено две книги, „Пронаоѓање“ – нејзиното прво дело кое е издадено самостојно, а втората книга „Аурора“ е издадена под издавачката куќа Култура.

Остави коментар

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top