За да те пронајдам

„За да те пронајдам“ – Сезона 1, Епизода 11

zadatepronajdam

Лео
„Одиме!”
Се движевме низ лавиринтот од ходници во фабриката за колачиња, држејќи ја за рака, за да не се изгубиме случајно. Двајцата имавме отежнато дишење, малку од паника, малку од стрес, малку од среќа, малку од копнеж, малку од она што и двајцата го претчуствувавме. Итавме, како да не брка некој, всушност, неа, Изабел, сигурно и ја следат, прашање на време е кога од некаде ќе се појават тие, тие продадени души. Конечно, пристигнавме до излезот.

 „Стој!”- Со голем страв, силен вресок и движење на раката ми го попречи патот.
„Што е Изабел?”
„Не знаеме што не чека кога ќе излеземе од тука, морам да ти кажам сè што треба да знаеш за Софија и ова што ќе се случи вечерва, во случај на нешто непредвидено…”
„Немој да зборуваш глупости!”
„Слушај ме, вечерва на граничниот премин ќе ја предадат на човекот, не знам кој е, ама знам дека е многу опасен, од тебе ќе продолжат да бараат да ја извршиш зделката со дрога бидејќи тоа го бара психопатот Мари, секогаш беше заљубена во тебе. Софија мора да ја спасиш пред да пристигнат на граничниот премин,  бидејќи таму, немаш ни 0% шанса да ја спасиш, доколку не успееш пред граница, тогаш мил мој брате, картите ќе играат против тебе. Ќе се движат по планинскиот пат, и ќе го избегнуваат автопатот со цел да не привлечат внимание и да пристигнат побрзо. Имаме многу малку време, многу е опасно и не заборавај, од овој момент натаму сè, ама буквално сè е возможно. Биди подготвен и за најлошото. (Силна воздишка) Подготвен си?”
„Да, ти?”
„Да.( Издишува.) Знај дека те сакам најмногу и ти си мојот херој безразлика што ќе се случи! Те сакам!”
Ме прегрна цврсто и излеговме, држејќи се за раце. Во секундата кога ја напуштивме зградата се појави еден човек кој ја застрела од позади грб Изабел, а потоа се застрела и самиот во главата. Изабел падна на земјата, се сруши како кула од карти пред моите очи, крвта прскаше на сите страни, го испушти својот последен здив, како ангел гледаше во мене, со очи полни љубов и надеж.
„Ссс..спаси ј..јја…”
„Ќе ја спасам, ти ветувам!”
И тогаш таа замина, одпатува кон небото, да биде моја ѕвезда водилка низ овој суров и одвратен свет. Ме напушти засекогаш.
„НЕЕЕЕЕЕ!” Врескав низ солзи, ама залудно, безнадежно, таа замина, а јас морам да ја спасам Софија и ветив.

Прочитајте и...  „За да те пронајдам“ – Сезона 2, Епизода 8

ivona markovska

Ивона Марковска е родена на 10.9.2002 година, а живее и учи средно училиште во Битола. Има објавено две книги, „Пронаоѓање“ – нејзиното прво дело кое е издадено самостојно, а втората книга „Аурора“ е издадена под издавачката куќа Култура.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top