За да те пронајдам

„За да те пронајдам“ – Сезона 1, Епизода 12

zadatepronajdam

прв дел

Лео
Ја изгубив сестра ми, таа веќе не е до мене, срцето не и чука, не дише, не се смее, не плачи, не може да ме прегрни ниту да ме бакне, таа е сега на небото и ме гледа, ме чува и ми дава храброст. Барем се надевав дека е така. Се наоѓам помеѓу големи дрвја и многу трева, како на филм чекам во заседа да се појави камионот кој ја носи Софија кон тотален пекол. Ќе ја спасам, морам!
Го гледам, се приближува, а сега морам да направам нешто, што и да е тоа. Излегувам на средина од патот и чекам. Возачот свири ама јас немам намера да се помрднам. Застанува точно пред мене. Како што претпоставував, мајка ми и брат ми се некаде позади бидејќи тие мора да се возат во удобни афтомобили, а не во стар камион пред распаѓање.

„Нормален ли си? Што сакаш?”
„Тоа што го чуваш во камионот, ја сакам Софија!”
„Каква Софија јас имам само риба во камионот.”
„Слушај ме, и ти имаш семејство и само за да го заштитиш него си сега тука.  Софија, девојката која е во твојот камион и која со денови ја малтретираат е единственото семејство кое го имам, пред неколку часа ја изгубив сестра ми, а мајка ми, не ми беше мајка ниту еден ден. Те молам, те преколнувам, оставиме да ја земам без да те повредам, бидејќи без неа јас од тука нема да заминам.”
„Никој нема во камионот…”
„Те молам…”
„Вистината ти ја кажувам!”
„Извини…”
Тогаш со сета сила го турнав на хаубата од камионот, потоа повторно го удирам, овојпат по главата со цел да се онесвести… Кога тоа се случува трчам да ја ослободам мојата сакана.

Прочитајте и...  „За да те пронајдам“ – Сезона 1, Епизода 3

втор дел

Отворам во задниот дел од камионот и ја гледам како стуткани седи во еден агол и не мрда.
„Софија…”
Тишина.
„Софија, јас сум, Лео…”
Плач.
„Доаѓам за да те спасам.”
Влегувам во камионот и ја гледам како се гуши во солзи, бледа е, нема сила…

„Лео…”
„Шшшш… помина. Мора да одиме од тука, за многу кратко ќе забележат што се случуло.”
„Да одиме!”
Ја зедов во рацете и почнав да трчам низ планината, низ густите дрвја и тревите, на секое менував правци спротивни од тие кои првичните инстикти ми кажуваа да одам. Не знаев каде бегаме, но знаев дека секаде ќе биде поубаво отколку тука. Трчавме веќе неколку часа, Софија веќе не беше во моите раце, сама се движеше низ шумата држејќи ме цврсто за рака. Со неа секое место е убаво. Не се плашам од ништо, бидејќи таа е тука, до мене, жива.
„Изабел, го исполнив ветувањето, можеш мирно да спиеш таму горе сега.”- Шепнав гледајќи кон небото.
„Изабел? Што?”
Застанав, сонцето заоѓаше, а ние се наоѓавме покрај еден мал пат кој води некаде.

Прочитајте и...  „За да те пронајдам“ – Сезона 2, Епизода 8

 „Изабел е мојата сестра, имаше 15 години и не знаеше дека ја имам бидејќи не смееше да знаеш. Цел живот ја криев од сите, со цел да ја заштитам, од мајка ми, од тоа што двете го доживеавте. Затоа ти реков да одиш, за да не те пронајдат, но не ме послуша, несакав да го живееш ова што го проживеа. Изабел беше исто како тебе коднапирана и затворена, но избега, дојде кај мене и ми кажа сè што знаеше за да те спасам. Требаше заедно, но ја убија, по само 1 час од кога побегна. Мртва е. Со последниот здив побара од мене да и ветам дека ќе те спасам. Тоа го направив, и ветив неа и на самиот себе. Сега си безбедна. Покрај мене си, што и да следи, заедно сме во тоа.”
Еден црн автомобил со брзина на светлината ни се доближи, светлата не ослепија, јас и Софија бевме прегрнати, држејќи се цврсто за рака. Почнавме да слушаме силно кочење. И тогаш Софија врисна: „СТОП!”

Прочитајте и...  „За да те пронајдам“ - Сезона 1, Епизода 7

ivona markovska

Ивона Марковска е родена на 10.9.2002 година, а живее и учи средно училиште во Битола. Има објавено две книги, „Пронаоѓање“ – нејзиното прво дело кое е издадено самостојно, а втората книга „Аурора“ е издадена под издавачката куќа Култура.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top