За да те пронајдам

„За да те пронајдам“ – Сезона 1, Епизода 2

Софија

zadatepronajdam

О секој допир, јас сè повеќе се заљубував во него. Не можев да си поможам, не можев да се воздржам. Јас… Јас сум заљубена во Лео. После сè што имам преживеано, после толку многу време загумена, сама и осамена, јас конечно сум заштитена, сакана и на сигурно. Животот е тежок, сите го знаеме тоа. Животот е постојана трка, постојано трчаме кон нашата цел и секогаш по тој пат губиме нешти или некој. Ама, некако, сеуште верувам дека е возможно да се успее, дека може да се постигне она што се сака, може да бидеш сакан, почитуван, среќен. Изгубив сè уште кога бев многу мала, но никогаш не се одкажав, се борев дури и кога мислев дека ќе загубам, па ете некако, бев доволно среќна и станав ова што сум. Никогаш нема да се покаам за било што.

Сега, кога помислив дека мојот кошмар е завршен, јас му се предадов на Лео, припаѓав на него, со него. Јас бев пеперутка, тој цвет, заедно бевме совршенство. Бакнежите со него беа како магија, како танцување со ѕвездите и месечината, како да живееме на друг универзум, ама како што кажав и претходно, животот е борба. Секогаш сме во потрага по нешто или некој, па затоа  убавите нешта, убавите чуства  кратко траат, зарем не?

Прочитајте и...  „За да те пронајдам“ – Сезона 2, Епизода 3

 “Динг-донг” некој заѕвони на вратата. Лео ја облече маицата и отиде да види кој е.

Лео

Ја отворив вратата, го видов тоа што го видов и посакав ова никогаш да не се случеше.

Софија

Лео ја отвори вратата. Посакувам никогаш да не ја отвореше, бидејќи после тоа ѕвонење на ѕвончето и отварањето на таа проклета врата, сè се промени, нашата сегашност, иднина, а можеби и нашето минато. Од овој ден сè ќе биде различно. Нашиот живот, нашата љубов, тоа што бевме, тоа што сме, а и тоа што можевме да бидеме, сè се промени, засекогаш.

Претходната епизода прочитајте ја ТУКА.


ivona markovska

Ивона Марковска е родена на 10.9.2002 година, а живее и учи средно училиште во Битола. Има објавено две книги, „Пронаоѓање“ – нејзиното прво дело кое е издадено самостојно, а втората книга „Аурора“ е издадена под издавачката куќа Култура.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top