За да те пронајдам

„За да те пронајдам“ – Сезона 1, Епизода 3

Софија
Лео ја отвори вратата и во собата завладеа тишина, не се слушаше никаков глас. Чекав,чекав и повторно нкој не испушти глас, затоа станав да видам кој е на вратата. Кога дојдов до прагот од излезот на мојот стан, доживеав шок. Немаше никој, само врата која беше широко отворена. Не знаев што да мислам ниту како да се чувствувам, до пред само 5 минути јас бев во прегратките на Лео, човекот кој го сакам, човекот на кого му верувам, човекот кој е до мене во сè, мојот најдобар другар, моето момче, мојот живот. А сега него го нема никаде, наеднаш изчезна, како земјата да се отвори и го голтна. Седнав на подот, немав друга идеја што да направам, бев избезумена, шокирана и во конфузија. Додека како споменик седев на подот во холот од мојот стан, пред влезната врата на ќилимот забележав бел плик на кој го пишуваше името Лео, со големи, црни букви. 

Прочитајте и...  „За да те пронајдам“ – Сезона 2, Епизода 11

Претходната епизода прочитајте ја ТУКА.


ivona markovska

Ивона Марковска е родена на 10.9.2002 година, а живее и учи средно училиште во Битола. Има објавено две книги, „Пронаоѓање“ – нејзиното прво дело кое е издадено самостојно, а втората книга „Аурора“ е издадена под издавачката куќа Култура.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top