За да те пронајдам

„За да те пронајдам“ – Сезона 1, Епизода 4

zadatepronajdam

Белиот плик беше во моите раце, го отворив. Пликот беше празен. Тогаш од рамената ми падна товар, како да ми олесна, се ослободив малку бидејќи не мора веднаш да се соочам со вистинста, а предчуствував дека кога тоа ќе се случи, кога ќе се погледнам очи в очи со вистината врз мене ќе се сруши цела планина, не бев уште подготвена за тоа.  Се исправив и станав на нозе. Направив чекор напред и пред да ја затворам вратата надвор од станот здогледав хартиено топче кое беше на земјата. Срцето почна забрзано да ми чука, дишењето ми беше отежнато, морници ме лазеа, ама зошто? Ми работеше ли шестото сетило или бев само параноична? Излегов и од подот  го зедов листот хартија. Малку постојав со хартиеното топче во раката, погледав неколку секунди во него, потоа го одвиткав листот хартија. Почнав да читам. На листот беше испишана само една кратка, јасна реченица, со црно пенкало, задебелени букви, за никако да не може да прочиташ погрешно. 
“Знам кој си, сестра ти е кај мене”.
Крвта ми вриеше, а пулсот се побрзо пулсираше, нозете не ми го држеа телото. Што треба сега ова да значи? Лео има сестра? Кој ја напиша поракава? Што значи тоа: ” знам кој си”? Каде замина Лео, наеднаш? Ходникот ми изгледаше како да е голема ајкула која ќе ме проголта, сè се вртеше во круг околу мене… Телефонот ми извибира, го вклучив екранот и видов порака: “Добро сум, крај е со нас, извини! Продолжи да живееш како никогаш да не си ме ни запознала, оди и диши го воздухот, живеј го секој миг, немој за ништо да се каеш, заљуби се, биди среќна! Те сакам, прости ми за сè, но крај е, мора да е вака. Твојот Лео❤”
Светот ми се сруши, како некој да ми го откорна срцето, како да ми ја одрале кожата, како да ме давеле во чаша вода, како сè што досега сум живеела да не било значајно за него, не можел ни во живо да ми раскине, па преку порака. Солзите навираа, не се трудев да ги запрам, рацете ми се тресеа, голема огнена грутка ми се насобрала во грлото. Ако сакаше да е крај, зошто беше потребен тој интимен момент од пред неколку минути? Зошто дојде во мојот стан? Зошто по ѓаволите ме уништи?

Прочитајте и...  „За да те пронајдам“ - Сезона 1, Епизода 6

Линк до претходната епизода ТУКА.


ivona markovska

Ивона Марковска е родена на 10.9.2002 година, а живее и учи средно училиште во Битола. Има објавено две книги, „Пронаоѓање“ – нејзиното прво дело кое е издадено самостојно, а втората книга „Аурора“ е издадена под издавачката куќа Култура.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top