За да те пронајдам

„За да те пронајдам“ – Сезона 1, Епизода 5

Софија

zadatepronajdam

Неколку дена подоцна…

Времето продолжи да тече, часовникот продолжи да ги брои секундите, а јас уште бев во транс. Поминаа веќе неколку дена од тој проклет ден, од тоа проклето ѕвонење на вратата и од тоа проклето писмо. Не дозволи емоциите да владеат со мене, тоа го научив многу одамна. Без разлика на сè, морам да продолжам да се борам, да преживувам, дури и целата да се ронам. Така јас, Софија Нелсон, иако скршена, иако ранета, иако полу мртва, продолжив да живеам како секој „нормален“ човек во Бостон. Мојот одбранбен систем работеше на чуден начин, јас не ја избегнував болката, напротив ја доживував, ја чуствував, ја сакав, но пред светот, никогаш, ама никогаш не дозволував да ги покажам своите падови, страдања или да ги запознаам луѓето со моите демони. Ситуацијава беше жар кој ми ги гореше стапалата, стрела која ми го распарчуваше срцето, ама не се предадов, не се откажав, ни за момент, бидејќи тоа што го имав јас и Лео, беше посебно, се доживува еднаш во вечноста, па затоа ни еден од нас не може да стави крај преку порака, доколку заврши, ќе биде очи в очи, поради вистнска причина.  Свесна сум дека животот е непредвидлив, дека честопати сме приморани да направиме нешто, но, нешто да заврши толку брзо, а да трае толку долго, тоа не можам да го прифатам, за мене целата ситуација и сите настани не беа објасниви.

Прочитајте и...  „За да те пронајдам“ – Сезона 2, Епизода 6

Октомвриската вечер кога во својот стан, ја здогледав силуетата на ноќта, кога го видов него, Лео, за мене времето запре. Толку бев среќна што мислев дека ништо и никој не може да го расипе она што јас и тој го делевме, тоа беше љубов, љубов како од бајките, од филмовите, од фантазиите. Ама, очигледно погрешив. Едно ѕвонење на влезната врата од мојот апартман со број 33, ја имаше силата да не раздели, барем привремено, или можеби засекогаш. После добиената пораката, неколкупати го повикав бројот на Лео, но никогаш не добив одговор, тој беше недостапен и го слушав само гласот од неговата говорна пошта. 

Помина цела недела од нашата разделба, а јас не слушнав ни глас од Лео. Затишје пред бура? Инстинктите не ми дозволуваа да се опуштам, мојот внатрешен глас ми велеше дека овде се крие нешто големо, смрдливо, одвратно. Почнав да мислам дека навистина е крај, но ако ништо друго, после толку години врска, заслужувам да ја знам причината за нејзиниот крај. Го зедов телефонот од малата, дрвена масичка и го отворив именикот. Неколку минути гледав во бројот на Лео но се одкажав, не завртив, сепак тој е оној кој ми должи објаснување, не обратно. Ја изгаснав струјата во дневната, па се покрив со шареното ќебенце. Не бев мирна, мислите не ми даваа спокој, постојано се гушев од сопствените претпоставки и сценарија. Некаде, длабоко во таа ноќ, успеав да заспија. Благото сонце ја осветли собата. Алармот почна да ѕвони и мене ми беше јасно: треба да се разбудам. Се извлечив од креветот и си сварив кафе, а потоа во една мала чинија ставив житарки и врз нив турив малку млеко. Ги разгледав весниците, пуштив музика и се подготвив. Излегов од станот, морав да одам на предавања, носев голем бел шал, кафеаво, долго топло палто, широки фармерки, плетена блуза и чизми до над глуждот. Се движев по левата страна од улицата, времето беше свежо, мирисаше на доцна есен, завртив десно за да скратам од патот и да ја избегнам гужвата, тогаш пред мене се појави сенка. Тоа беше силуетата на ноќта. Тој беше Лео. Исплашен, придушен здив, со силно срцебиење и целиот во хаос стоеше пред мене. Неговата висока става ми создаде сенка на лицето, а моите очи се загубија во неговите кафени желади, кои толку многу ми недостигаа. „Софија, бегај те молам, бегај од овој град, пресели се и никогаш не се враќај!”
„Молам?”
„Те молам замини, те молам…”

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top