За да те пронајдам

„За да те пронајдам“ – Сезона 1, Епизода 6

Софија

zadatepronajdam

„Софија, бегај те молам, бегај од овој град, пресели се и никогаш не се враќај!”
„Молам?”
„Те молам замини, те молам…”
Го гледам право в очи, се треси, ја гледам паниката која расте внатре во него, ја чувствувам неговата загриженост, но не ја занам причината за ништо од ова…
„Лео, кој мислиш дека си ти? Прво изчезна, па ми раскина преку порака и сега ме тераш да заминам од овој град? Зошто Лео?”
„Знам, свесен сум, но мора да заминеш, за твое добро, не можам да те изгубам и тебе…”
„Ти ми раскина мене, веќе ме загуби.”
„Софија, те преколнувам, замини од тука, не сакаш да се соочиш со тоа што следи, не сакам да влезиш во толку голема каша, не сакам да ти го упропастам животот, како на сите други, те молам послушај ме.”
„Остана ли нешто за да се упропасти? Знаеш сè  за мене, знаеш и дека ми беше единствената потпора за да опстанам, немам никој, сите ги загубив многу рано, а не ме чуствуваше доволно блиска за во живо да ми кажеш дека е крај. Не одам никаде Лео, останувам овде, а ти прави што сакаш, излези и сега како и тогаш, и не се појавувај повеќе пред мене, не можам и не сакам да те гледам и да крварам. Оставиме барем да оздравам после сè што направи.”
Заминав, не погледнав назад, одев исправено, со забрзани и големи чекори.  Занесена во своите мисли, расправајќи се сама со себе, обвинувајќи се за тоа што го кажав, правдајќи се сама пред себе, се движев по тесната улица. Некој ме фати за рака. Можеби е Лео? Се врати, дојде по мене, ќе продолжиме каде што застанавме? Се завртив и наместо убавото лице на човекот кој го сакам, се соочив со две непознати лица, имаа околу 27 години, двата со темна коса, едниот има и малку брада. На устата ми ставија шамивче, а јас врескав безнадежно за нечија помош.

Прочитајте и...  „За да те пронајдам“ – Сезона 2, Епизода 8

„Помош! ПОМОШ, ВЕ МОЛАМ, АААА!“

 Не знаев кој се луѓево, ниту што би сакале од мене, немам фамилија за да бараат откуп, само можат да ме предозираат, злоупотребуваат или да ме убијат.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top