За да те пронајдам

„За да те пронајдам“ – Сезона 1, Епизода 7

Софија

zadatepronajdam

Последна слика која ми излегува пред очи е како двајца мажи од околу 27 години ми ставија шамивче на устата, а јас бесцелно молев за помош.  Сега се наоѓам во некаков камион, мириса на риба, темно е. Целиот камион се движи лево, десно, устата ми е врзана со крпа, рацете ми се врзани со јаже, а нозете не ми се врзани. Очигледно многу веруваат во себе па сметаат дека не можам да побегнам доколку сум само со врзани раце и уста за да не вриштам. Морници ме лазат по целото тело, се ежам на помислата што би се сучило со мене, но не плачам, бидејќи овие два идиот не заслужуваат да ме видат како плачам, ако тие мислат дека се храбри и јаки и паметни да ме киднапираат сред бел ден, а од мене можат само дополнителен трошок да си направат друго ништо за возврат нема да добијат, тогаш јас се сметам себе си за доволно силна и возрасна личност што нема да покажам страв пред нив. Камионот застана. Сега самодовербата ми опаѓаше, ама се држев цврсто, за себе, немаше за кој друг повеќе јас да преживувам. Вратата, односно задниот дел каде бев врзана се отвори. Светлината почна да продира во камионот. Околу мене гледав многу гајби со свежа риба, ножеви, подот на кој седев е `рѓосан, а исто така забележав и маж кој зборува со некоја ниска жена на сред улица. Човекот влезе во камионот ме фати под рака како да крева вреќа со ѓубре, ме извлече по него надвор и ме пикна во една вреќа. Е сега веќе сакав да излезам и да му ја скршам вилицата. Јас сум клаустрофобична, колку време планира да ме чува во ова? Веројатно му требам жива, а јас овде ќе умрам, во cпротивно, доколку сакаше да сум мртва и од мене нема никаква корист  одамна ќе ме убиеше и немаше толкав пат да врви безцелно. Почуствував како телото ми е подигнато во нечии раце, за секунда помислив дека сум принцеза, тие, прв пат беа нежни со мене. Потоа мојот впечаток се уништи кога ме истркалаа, веројатно во багашникот од некој автомобил. Се варев 30 минути во вреќата и конечно автомобилот или во што и да бев сместена запре. Телото, повторно некој ми го подигна и пак потоа бев спуштена, односно истркалана, некаде. Беше ладно и тврдо, помислив дека се наоѓам на некој бетонски под. Ме извадија од вреќата. Сега, се наоѓам во некоја просторија, како затвор, ама затвор за чудовишта. Мрачно, студено, напуштено и морничаво, вака изгледа мојот денешен, а можеби и неколку месечен дом. Косата ми беше бушава, и неколку прамени се беа испуштиле од мојот високо кренат реп. Со поглед кој бара надеж и спас, ја анализирав просторијата, а во неа, има само една вреќа за спиење, поставена на подот, ништо друго.  Ѕидовите беа мувлосани, а миризбата која се ширеше ме тераше да мислам дека сум во канализација.
„Почекајте до утре, нека се соземи малку од ова денес, потоа јавете се, и ќе смислиме што ќе правиме следно.” Нареди старста жена.

Прочитајте и...  „За да те пронајдам“ – Сезона 2, Епизода 10
Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top