За да те пронајдам

„За да те пронајдам“ – Сезона 1, Епизода 8

zadatepronajdam

прв дел

„Почекајте до утре, нека се соземe малку од ова денес, потоа јавете се, и ќе смислиме што ќе правиме следно.” Нареди старста жена.
Ноќта беше долга, студена, а јас свиткана како маче лежев на подот од тоа мрачно место. Стравот владееше со мене, но не се предавав. Пред мои очи ги убија моите родители, сеcтра ми загина во собраќајка, а јас бев таа која го идентификуваше нејзиното телото. Имав само 17 години. Многу рано научив колку животот може да биде суров, многу рано се соочив со болка поголема од мене, многу рано телото ми беше изморено од борба, ама никогаш не се откажав. Никогаш. Секогаш знаев да ја пронајдам светлината, знаев како да одам понатаму, секогаш се бодрев самата себе, за да издржам, и да бидам спротивно од она што се сите, слаби и изнемоштени, изморени. Верував во доброто, верував во среќен крај и среќен живот, верував во љубов, во искрена насмевка и топла прегратка. Од животот не барав многу, тоест не барав ништо. Одамна научив дека треба да живеам без правила. Бидејќи кое правило на 14 годишно девојче и се одземаат родителите? Кое правило три години подоцна ја казнува на самотија истата таа девојка? Кое правило вели дека треба да живеам од она што го пронајдов во контињерот за ѓубре, без пари и кров над глава? Никое. Затоа јас не ги следев правилата, ниту пак ги слушав што зборуваат луѓето. Живеев од денес за денес, на секој момент му давав посебно значење, каде и да одев, кога и да бев среќна или тажна се фотографирав, за подоцна да можам да се присетам, убаво на секој момент, а мое скривалиште беа моите големи дебели тефтери каде во годините кога немав ни каде да спијам, ни што да јадам, за да преживеам пишував, создавав приказни каде и со она малку што го имам успевам. На крај мојот сон се оствари, успеав. Изнајмив стан, почнав да одам на факултет, работев, до пред една недела имав момче, и животот течеше понатаму. И овој пат ќе продолжи, нема да заврши, не дозволувам двајца идиоти да ми одземат сè за кое крв проплукав додека не го добив, додека не го создадов. Нема овие двајца кретени да ме убијат, заслужувам да живеам, сакам да живеам.

Прочитајте и...  „За да те пронајдам“ - Сезона 2, Епизода 2

втор дел

Дојде денот, а ноќта заврши.. Немаше светлина која би ми дала знак дека е утро, но луѓето кои пристигнаа во приземјето каде што се наоѓав со себе носеа кафе и топли колачи, мирисот беше прекрасен.
„Време е”.
„Да, се јавувам”.
Човекот без брада напиша број на телефонот и го уклучи звучникот. Се преправав дека спијам за да слушнам што зборуваат.
Ѕвонеше…
„Ало?”
Тишина.
„Кој е на телефон?” -Ова беше гласот на Лео, мора да е тој, не можев, а да не го препознаам неговиот глас.
„Имаш нешто твое кај нас”.
„Што сакате?”
„Знаеш, или ќе го направиш тоа што го побаравме од тебе, или твојот ангел ќе стани навистина ангел”.
„По ѓаволите, оставете ја да си оди!”
„Направи го тоа што го бараме. Исто така, да не заборавам, имаш поздрав од мајка ти. До следно слушање!”(Беа јасни, кратки и отсечни)
Го завршија повикот.
Што сакаат од Лео? Што може да сакаат? И како може да има поздрав од мајка му, кога таа е мртва? Ништо не можам да разберам.
„Земете ја одиме!” Нареди мажот со брада.

1 Comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top