За да те пронајдам

„За да те пронајдам“ – Сезона 1, Епизода 9

zadatepronajdam

Лео
Веќе два дена како Софија трпи тортура поради мене, не сакам да го направам тоа што го бараат од мене, не сакам повторно да зачекорам во водите од каде молев да излезам и никогаш не сакав да бидам дел. Мајка ми, брат ми, секогаш беа монструми кои се грижат само за парите, како сончоглед се вртеа кон изворот каде што има повеќе финансии. Тргуваа со дрога, оружје, немаа сакани, дури не ни знам кој ни е татко, секогш беа битни само парите, ништо друго. Прво ја зедоа сестра ми, кутрата има само 15 години, ќе сакаат од неа да стани тоа што се тие, истото што го бараа од мене со години наназад. Двете жени кои ги сакам повеќе од сè на светов, се таму, во тој мрак, во тој безживотен подрум на нивните валкани игри, двете живеат пекол од денови, а јас сум заглавен тука, не можејќи чекор да направам. Размислував и да прифатам, да го направам тоа што го сакаат, но во тој случај повторно и Софија и Изабел ќе страдаат, нема да ги остават намира, никогаш. Знам дека постои решение, тоа го научив од Софија, дури и тогаш кога мислиш дека си во безизлезна ситуација, и немаш друг избор или друга карта за да продолжиш со играта, тогаш размисли уште илјадапати ако треба, некаде таму се крие порта која ќе те изнесе на патот по кој сакаш да чекориш.
Почна да ѕвони телефонот.
„Ало?”
„Побегнав, дојди на нашето место, морам да спуштам бидејќи ќе ме стигнат, те чекам!”

Прочитајте и...  „За да те пронајдам“ – Сезона 2, Епизода 5

Претходната епизода прочитајте ја ТУКА.


ivona markovska

Ивона Марковска е родена на 10.9.2002 година, а живее и учи средно училиште во Битола. Има објавено две книги, „Пронаоѓање“ – нејзиното прво дело кое е издадено самостојно, а втората книга „Аурора“ е издадена под издавачката куќа Култура.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top